24фудбал

Дортмунд го трола Манчестер јунајтед на твитер за Санчо (ФОТО)

Манчестер јунајтед извиси за Санчо, тој останува во Борусија Дортмунд иако силно се веруваше дека ќе се пресели на Олд Трафорд.

Германија

Синоќа директорот на Борусија Дортмунд објави дека Санчо и следната сезона останува во тимот, нема да биде продаден на ниту еден клуб.

А потоа следуваше провокација од клубот на твитер. Борусија Дортмунд објави слика од Санчо и напиша: „Сега затворете ги очите“, со што алудира дека оние кои се заинтересирани за него може само да го сонуваат. Убедливо најзаинтересиран беше Манчестер јунајтед, па многумина протолкуваа дека оваа порака се однесува токму на нив.