24фудбал

Уште нема договор, Санчо патува со Борусија Дортмунд во Швајцарија на подготовки за следната сезона

Борусија Дортмунд и Манчестер јунајтед се уште не постигнале договор за трансфер на Џејдон Санчо кој се најде на списокот за почеток на подготовки на германскиот клуб.

Германија

Борусија Дортмунд денеска го објави списокот на фудбалери кои заминуваат во Швајцарија каде што ќе се подготвуваат за новата сезона. Меѓу патниците е и Џејдон Санчо.

Иако постојано се пишува дека трансферот е пред реализација, се уште нема договор меѓу двете страни, потврда за тоа е фактот што Санчо со германскиот клуб ќе ги стартува подготовките.