24фудбал

Имобиле стана третиот Италијанец кој ја освоил Златната копачка на Европа

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле и официјално е најдобар стрелец во Италија и Европа бидејќи Кристијано Роналдо нема да настапи на вечерашниот натпревар против Рома.

Италија

Роналдо беше единствениот фудбалер кој можеше да го стигне Имобиле на листата на стрелците, но Португалецот не е во тимот на Јувентус кој вечерва ќе игра против Рома.

Имобиле е прв на листата на стрелци со 35 голови, Роналдо има 31 на второто место. Откако Сари одлучи да го одмори Кристијано за мечевите од Лигата на шампионите, напаѓачот на Лацио и официјално станува најдобар стрелец во Серија А.

Покрај златната копачка од Серија А, тој е најдобар и во Европа, зад него е Роберт Левандовски од Баерн Минхен со 34 голови.

Имобиле е третиот Италијанец кој ќе ја добие Златната копачка на Европа, претходно тоа им успеа на Франческо Тоти со Рома 2006-2007 со 26 гола и Лука Тони година претходно како игрча на Фиорентина со 31 гол.

Иако стана најдобар стрелец, Имобиле има предизвик да постигнува погодоци и на вечерашниот меч против Наполи, тој го брка рекордот на Игуаин кој со 36 голови во 2016 година е најдобар стрелец во една сезона во Серија А.