24фудбал

Пијаниот Брозовиќ правел проблеми на Ургентно, реагирале карабинерите

Медиумите од Италија пренесуваат дека полицијата морала да реагира за да го смири Марцело Брозовиќ, фудбалерот на Интер синоќа правел проблеми во Ургентен центар.

Италија

Хрватот неодамна остана без возачката дозвола откако во два часот наутро поминла на црвено во центарот на Милано, плус имал алкохол во крвта над дозволената граница. За овој инцидент, Интер го казни фудбалерот со 100.000 евра, но и покрај тоа, Марцело Брозовил одново е во вниманието поради погрешни прични.

Доцна синоќа, Марцело Брозовиќ правел проблеми на Ургентно, и барал од докторите да прегледаат негов пријател (42 годишен Хрват) кој имал повреда на ногата. Со оглед на тоа дека имало други пациенти, со посериозна здравствена состојба, докторите не дозволиле да биде скокнат редот, па била повикана полиција.

Карабинери веднаш дошле во болницата и успеале да го смират фудбалерот откако му се заканали дека ќе добие кривична пријава доколку продолжи да прави проблеми.

Марцело Брозовиќ, кој според медиумите бил пијан, на крајот им се извинил на сите, дури и на докторите од Ургентниот центар.