Илија Несторовски носи изедначување за Удинезе против Јувентус, Македонецот фантастично погоди со глава за својот трет гол во Серија А оваа сезона.
Категорија: Македонија 23.07.2020 20:47 Прочитано: 18936 пати
„Старата дама“ треба да победи во Удине доколку сака вечерва да стигне до ново Скудето, но во моментов Илија Несторовски им ги расипува плановите.
Откако во финишот на првиот дел Де Лихт донесе предност, Македонецот на стартот од вториот дел фантастично погоди со глава за 1-1. На едно додавање на Сема, напаѓачот извонредно реагираше, се фрли и биеше неодбранливо. Камерата веднаш во фокусот го покажа Кристијано Роналдо кој одмавнуваше со главата во неверица.