24фудбал

Роналдо донел одлука за својата иднина и го известил раководството на Јуве

Весникот близок до Јувентус, „Тутоспорт“ тврди дека Кристијано Роналдо не планира да замине од клубот, го известил раководството дека останува со што става крај на сите шпекулации кои го поврзуваат со трансфер.

Италија

Роналдо се поврзуваше со заминување во ПСЖ, но од тоа нема ништо. Актуелниот договор на Португалецот со Јувентус е до јуни 2022 и тој нема намера да си оди.

Според „Тутоспорт“, Кристијано Роналдо го известил раководството на клубот дека останува верен на Јувентус.

Оваа сезона Роналдо постигна 28 голови во Серија А досега и стана првиот фудбалер на Јувентус по 60 години кој успеал да постигне над 25 погодоци во една сезона.

Тој има само еден гол помалку од Имобиле во трката за титулата најдобар стрелец оваа сезона во Серија А.

Во сите натпреварувања оваа сезона Роналдо постигна вкупно 32 голови.