24фудбал

Дугари шокира со навреда за Меси: Од што се плаши Гризман? Од дете кое е високо 1.50 и е пололвина аутистично?

Француската фудбалска легенда и поранешен играч на Барселона, Кристоф Дугари изнесе шокантни навреди за Лео Меси, го нарече Аргентинецот дете високо 1.50 и половина аутистично.

Шпанија

Кристоф Дугари малку претера во дебатата за проблемите кои ги има неговиот сонародник Антоан Гризман во Барселона.

Во емисијата „Тим Дуга“ на Радио Монте Карло, француската фудбалска легенда изнесе шокантни навреди за Лео Меси и го нарече Аргентинецот дете високо 1.50 и половина аутистично.

„Од што се плаши Гризман? Од дете кое е високо 1.50 и половина аутистично? Треба да покаже малку м*да! Веќе една година зборуваме дека Гризман има проблем со Меси“ – вели Дугари, кој две сезони играше за Барселона.

„Гризман игра без самодоверба, неговите партии не се доволно добри. Вистина е дека Лео треба да му подава малку повеќе, но искрено не сум изненаден од ова. Мислам дека Гризман мора да разговара со Меси и да ги решат недоразбирањата“.