24фудбал

Сити и Баерн се најдоа на средина, паднал договор за трансфер на Лерој Сане

Неколку извори пренесуваат дека Манчестер Сити и Баерн Минхен си подале рака за трансфер на Лерој Сане, Германецот се враќа во Бундеслигата во зделка вредна 49+11 милиони евра.

Галерија

По неуспешниот обид минатото лето, „баварците“ го договорија трансферот на Лерој Сане. Од голема помош им беше тоа што играчот одби да стави потпис на нов договор, па Манчестер Сити немаше друга опција освен да го продаде.

Првичната понуда на Баерн Минхен ова лето беше 40 милиони евра, „граѓаните“ побараа 70 милиони евра, а на крајот двата клуба се најдоа на средина.

Според пишувањата на Билд, паднал договор за трансфер на Лерој Сане вреден нешто помалку од 50 милиони евра.

Неколку други извори пак велат дека Сити и Баерн си подале рака за зделка од 49 милиони евра, плус додатни 11 милиони евра во бонуси. Се очекува во скоро време да пристигне и официјална потврда.