24фудбал

„Фудбал Лондон“ им го претстави Барди на навивачите на Арсенал

Би било интересно да сочекаме дали би имале двајца наши интернационалци во силната Премиерлига за идната сезона, од причина што и повеќе од извесно е дека Езгјан Алиоски со Лидс ќе биде дел од елитното фудбалско друштво.

Македонија

Нашиот репрезентативец и член на шпанскиот прволигаш Леванте, Енис Барди се споменува како можно засилување за Арсенал, откако Премиерлигашот наводно испратил и официјална понуда во висина од 20 милиони евра за  Македонецот.

Се шпекулира дека Леванте бара пет милиони евра повеќе за Барди, кој инаку има откупна клаузула во висина од 50 милиони евра со клубот, а интерес за неговите услуги има уште и од Фиорентина, Ајнтрахт Франкфурд и Штутгарт.

Како и да е, извесно е дека најавеното заминување на проблематичниот Матео Гендузи ја отвори вратата за нашиот Барди, за кого посебно сега се распрашуваат навивачите на Арсенал, кои сакаат информација плус за Македонецот.


„Фудбал Лондон“ им го претстави 24 годишниот Барди на навивачите на Арсенал со што изнесе неколку клучни детали од неговата кариера, дополнително наведувајќи дека тој има солидна сезона во најсилниот фудбалски шампионат на Шпанија.

На „ЈуТјуб“ веќе се појавија и неколку видеа во кои му се посакува добредојде на нашиот фудбалер во Арсенал, во кои навивачите на „Топчиите“ притоа и можат да се уверат во неговите квалитети и способности со фудбалската топка.