24фудбал

Спировски презентиран како нов играч на АЕК Ларнака

Стефан Спировски е промовиран за нов играч на АЕК Ларнака, тој и официјално им се приклучи на Иван Тричковски и Даниел Мојсов кои исто така го носат жолтиот дрес на кипарскиот клуб.

Македонија

Иако од претходно беше познато, денеска АЕК Ларнака го промовираше Спировски кој пристигна во кипарскиот клуб.

„АЕК со задоволство информира дека македонскиот репрезентативец Стефан Спиривски потпиша двегодишен договор“, стои во соопштението на клубот.

Спировски е среќен со изборот на новиот клуб.

„Среќен сум што сум тука, ќе го дадам најдоброто од мене за да ги направам фановите среќни. Останатото ќе го кажам на теренот“, вели Спировски.