24фудбал

Интер се мачеше па за 200 секунди направи пресврт и си замина со три бода од кај Парма (ВИДЕО)

Интер со цел плен си замина од Енио Тардини и покрај тоа што долго време имаше негатива, со два гола во период од 200 секунди, „нероаѕурите“ направија пресврт и стигнаа до триумф над Парма од 1-2.

Италија

Откако на домашен терен одигра само 3-3 против Сасуоло, Интер беше на прагот на нов кикс. Вечерва на Енио Тардини, Парма долго време имаше водство со голот на Жервињо.

Репрезентативецот на БСК, одлично го „летна“ Кандрева, се намести и го совлада Хандановиќ за 1-0 во 15. минута.

Интер се обиде да изедначи, го имаше поседот на топката, но Парма беше поконкретна и креираше неколку добри прилики за зголемување на водството.

Сепак, еден корнер во 84. минута донесе изедначување и го смени текот на натпреварот. Лаутаро спушти за Де Врај, а Холанѓанецот со глава погоди за 1-1. Домаќините бараа прекршок, Куцка претера со приговорите и доби црвен картон.

Интер веднаш ја искористи бројчаната предност и во 87. минута поведе со 1-2. Бастони остана сам на подалечната статива, па младиот дефанзивец само се поклоно и ја затресе мрежата на домаќините.