24фудбал

Сити ја заокружи доминацијата на гостите, две супер пресметки на Вембли во ФА Купот (ВИДЕО)

Манчестер Сити со 0-2 го победи Њукасл и обезбеди полуфинале во ФА Купот каде ќе се сретне со Арсенал, вториот пар го сочинуваат Челси и Манчестер јунајтед.

Англија

„Граѓаните“ ја заокружија доминацијата на гостите во ФА Купот и вечерва со 0-2 триумфираа на Сент Џејмс Парк против Њукасл. Де Брујне од пенал во првиот дел донесе водство, а Стерлинг во продолжението од мечот ја осигура победата.

Па во полуфиналеот ќе има две супер пресметки. Манчестер Сити ќе се сретне со Арсенал, а Челси ќе ги одмери силите со Манчестер јунајтед.

Мечевите се играат на Вембли на 18 и 19. јули, финалето е закажано на 1. август.