24фудбал

Одлична асистенција на Ристовски во победа на Спортинг Лисабон (ВИДЕО)

Спортинг Лисабон со 3-1 победи на гостувањето кај Белиненсес, Стефан Ристовски асистираше за вториот погодок.

Македонија

Домаќините поведоа со 1-0, а потоа следуваа три голови на Спортинг, конечниот резултат од 1-3 беше поставен уште во првото полувреме.

Спортинг Лисабон овој меч го играше во чест на францускиот дефанзивец Жереми Матие кој се повреди на тренинг по што реши да стави крај на кариерата бидејќи има 36 години. Сите фудбалери денеска носеа дрес со неговото презиме.

При вториот гол на Спортинг, Стефан Ристовски убаво асистираше до Кабрал кој атрактивно со волеј донесе водство за својот тим.