24фудбал

Дали Хаверц со еден потег на социјалните мрежи откри кој е неговиот следен клуб? (ФОТО)

Младата ѕвезда на Баер Леверкузен, Каи Хаверц е еден од главните на трансфер пазарот ова лето, често се шпекулира за неговата иднина.

Германија

Неговото име во последно време се поврзуваше со Челси и Реал Мадрид, а ако се суди според една негова реакција на социјалните мрежи, тогаш од следната сезона ќе го носи синиот дрес на лондонскиот клуб.

Челси веќе ги потврди трансферите на Тимо Вернер и Хаким Зијеш и нема да застане тука. Роман Абрамович сака повторно да изгради тим кој ќе се бори за титули, па ништо чудно ако и Хаварц пристигне на Стемфорд Бриџ.

Откако Челси го потврди новото засилување на твитер, еден фан им одговори со: „Соопштете го Хаверц“, тој твит беше лајкнат од официјалниот профил на германскиот фудбалер, а тоа предизвика големи реакции и мислења дека со овој потег играчот кажа кој ќе биде неговиот нов клуб.


Германскиот весник „Билд“ соопшти дека Челси имал конкретни разговори за ангажман на Хаверц. Се работи на трансферот на фудбалерот за кој интерес има и од Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер јунајтед....