24фудбал

Дортмунд немаше за што да игра па му подари бодови на Маинц за опстанок, РБ Лајпциг шокиран за пет минути (ВИДЕО)

Маинц освои три големи бода на гостувањето кај Борусија Дортмунд во битката за опстанок и славеше на „Сигнал Идуна Парк“ со 0-2, Фортуна Дизелдорф го шокираше РБ Лајпциг во финишот со два гола за пет минути и си замина со драгоцен бод.

Германија

„Милионерите“ немaа за што да играат откако Баерн Минхен синоќа стигна до нова титула во Бундеслигата, па Маинц вечера триумфираше во Дортмунд со 0-2 и освои три големи бода со кои веројатно си го обезбеди статусот во елитата за следната сезона.

Букард погоди за 0-1 во 33. минута од мечот, а на стартот од вториот дел, Матета од пенал донесе нова радост и 0-2.

Драгоцен бод освои и Фортуна Дизелдорф со два гола за пет минути во финишот од натпреварот. Кампел погоди по еден час игра за предност на РБ Лајпциг од 1-0, а три минути подоцна Вернер зголеми на 2-0,

И кога сите мислеа дека „биковите“ ќе триумфираат, Скрибски ги врати гостите во игра во 87. минута, а во судиското надополнување, Хофман реализираше за 2-2. Со овој бод, Фортуна сега е на +1 во однос на Вердер Бремен во битката за позицијата која носи бараж за опстанок.

Баер Лервекузен со 3-1 го совлада Келн и се врати во топ 4, а Хофенхајм со 1-3 славеше против Аугсбург и ја продолжи битката за излез во Европа.