24фудбал

УЕФА потврди, Лигата на шампиони ќе заврши со фајнл-ејт турнир во Лисабон!

Најдобрите осум екипи во Лигата на шампионите од 12 до 23 август во Лисабон ќе решат кој ќе биде новиот клупски владетел на Европа.

Лига на Шампиони

На денешниот состанок УЕФА донесе конечна одлука како ќе се заврши сезоната во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Четвртфиналето, полуфиналето и финалето ќе се играат во Лисабон на стадионите на Спортинг и Бенфика. Турнирот на осумте најдобри ќе се игра од 12 до 23 август, во овој период ќе бидат одиграни седумте натпревари.

Лигата на шампионите се враќа викендот на 8 август кога треба да бидат одиграни преостанатите четири реванш натпревари од осминафиналето. УЕФА има предлог и тие мечеви да се играат во Лисабон, но клубовите кои ќе бидат домаќини не го прифаќаат тоа. Тие сакаат да играат на своите стадиони бидејќи претходно гостуваа кај противниците. Веројатно ќе биде исполнета желбата на клубовите иако се уште нема конечна одлука за осминафиналето.

На ист начин со завршен турнир ќе се доигра и сезоната во Лига Европа, таму ќе има фајнл-ејт турнир кој ќе се игра во Германија.