24фудбал

Еуфорија во Билефелд, Арминија по 11 години се врати во елитата од Бундеслигата (ВИДЕО)

Вреди да го издвоиме фактот што 32 годишниот напаѓач Фабиан Клос кој инаку осум години е дел од составот на старо-новиот прволигаш, сезонава, барем досега на 30 натпревари успеа да постигне 19 погодоци, што практично го прави најзаслужен за успехот на овој клуб, постигнувајќи една третина од вкупниот број голови на клубот сезонава.

Германија

Лидерот во втората дивизија од Германија, Арминија Билефелд ја потврди преселбата во повисок ранг во германскиот фудбал, односно највисокиот во тоа првенство по синоќешната убедлива победа на домашен терен.

Арминија Билефелд синоќа славеше убедлива победа од 4-0 против последно пласираната екипа на табелата, Динамо Дрезден, а со тоа се издвои на девет бода пред трето пласираниот Штутгарт (против кого има подобар меѓусебен скор), односно од позицијата која носи плеј-оф за промоција во најсилната дивизија од Бундеслигата.

Веројатно е дека Арминија Билефелд ќе биде и првак во второлигашката конкуренција, од причина што има предност од високи осум бода во однос на второпласираниот Хамбургер на три кола до крајот.

Фановите на Арминија Билефелд и покрај критичната ситуација поради пандемијата од коронавирусот, не пропуштија да го прослават големиот успех на нивниот омилен клуб синоќа.