24фудбал

Фудбалер на Норич кој играше на пријателскиот меч против Тотнем е позитивен на коронавирус

Премиерлигата потврди дека при последното тестирање на фудбалерите има два позитивни случаи на коронавирус.

Англија

Од 1200 тестови кои се направени при последното тестирање на фудбалерите и стручните штабови на екипите од Премиерлигата, двајца се позитивни.

Еден од нив е фудбалер на Норич кој настапил на пријателскиот натпревар против Тотнем кој се играше во петокот.

Тој мора да оди седум дена во самоизолација а тоа значи дека нема да може да биде во комбинација за мечот против Саутемптон кој Норич го игра во петок.

Норич потврди дека имаат еден заразен фудбалер од коронавирус, но не го откри неговиот идентитет.

Фактот што тој беше дел од мечот со Тотнем може да значи дека има заразени и други фудбалери, но според протоколот во самоизолација оди исклучиво играчот кој е позитивен на Ковид-19. Доколку во понатамошните тестирања се утврдат нови позитивни случаи од овој меч, тогаш тие ќе одат во седумдневен карантин.

Премиерлигата започнува во среда со заостанатите мечеви Манчестер Сити - Арсенал и Астон Вила - Шефилд јунајтед.