Категорија: Германија 13.06.2020 17:56
„Баварците“ ќе мора да почекаат уште некој ден за да го подигнат шампионскиот трофеј, во најдобар случај, тоа треба да биде во вторник следната недела.
Попладнево Борусија Дортмунд со 0-1 триумфираше на гостувањето кај Фортуна Дизелдорф и го одложи славјето на Баерн Минхен.
Херој на гостите беше Ерлинг Халанд, кој влезе од клупата во второто полувреме и постигна гол во последните секунди од мечот, односно 95. минута.
Вердер Бремен освои три големи бода во биткат за опстанок откако со 1-5 триумфираше против последнопласираниот Падерборн.
Ајнтрахт Франкфурт со пресврт во вториот дел стигна до победа од 1-4 против Херта, а гостите ги однесоа трите бода и на мечот помеѓу Келн и Унион Берлин, мечот заврши 1-2. На последната пресметка од 15:30 часот, Волфзбург и Фрајбург одиграа 2-2.