24фудбал

Олмо почна да блеска, Вернер со ново големо промашување по вестите за трансфер во Челси (ВИДЕО)

Засилувањето кое Лајпциг го донесе од Динамо Загреб, Дани Олмо даде два гола за победа од 2-0 на гостувањето кај Хофенхајм.

Германија

Со два гола на Олмо, Лајпциг дојде до три бода од гостувањето кај Хофенхајм.

Натпреварот беше решен многу рано, Олмо првиот гол го постигна уште во деветата минута, а вториот само две минути подоцна.

Интересно, и на овој натпревар главната ѕвезда на Лајпциг, Тимо Вернер имаше големо промашување. Овој пат излезе еден на еден со голманот и не успеа да реализира.