24фудбал

Марко Грујиќ се враќа во Ливерпул како многу подобар фудбалер

Спортскиот директор на Херта каде што во изминатите две години играше Грујиќ, е полн со пофалби за фудбалерот кој по крајот на месецот се враќа во Ливерпул.

Германија

Марко Грујиќ ќе се врати во Ливерпул како подобар фудбалер отколку што беше при неговото заминување, тврди спортскиот директор на Херта Берлин.

Двегодишната позајмица на српскиот фудбалер во Херта истекува на 30 јуни.

Грујиќ за Ливерпул потпиша во јануари 2014 но имаше само 14 настапи под водство на Клоп по што беше испратен на позајмица.

„100 проценти е сигурно дека позајмицата меѓу нас и Ливерпул за Марко Грујиќ ќе заврши на 30 јуни“, вели спортскиот директор на германскиот клуб, Михаел Прец.

„Двата клуба се договорија дека тој ќе се врати во Ливерпул. Заклучокот е дека позајмицата во текот на изминатите две години беше многу позитивна за сите инволвирани во неа“.

„Ливерпул назад ќе добие фудбалер кој дефинитивно има повеќе искуство од претходно бидејќи беше многу важен играч тука за нас“.

„Марко е фудбалер кој е присутен во двата шеснаесетника. Уште во првата година тој играше фантастично. Сега по рестартот на сезоната повторно ја враќа добрата форма“.

„Тој е многу добар фудбалер, па според мене оваа позајмица дефинитивно имаше смисла“.

Српскиот фудбалер имаше 50 настапи во текот на двете сезони за Херта и постигна девет погодоци.

Во првата сезона тој беше оценет од тренерот Пал Дардаи како далеку најдобриот фудбалер од средниот ред на Херта во изминатите 20 години.