24фудбал

Милер гласно го кажа она што многумина го мислат: Како да се платат 100 милиони за Хаверц кога ни ги намалија платите?

Томас Милер вели дека Каи Хаверц е голем талент, веројатно најдобар во својата генерација, но прашува како да се одвои сумата од 100 милиони евра во време кога на играчите им се намалуваат платите поради коронавирус кризата.

Германија

Младата ѕвезда на Баер Леверкузен е желба на многу гиганти ширум Европа, но „фармацевтите“ нема лесно да се откажат од напаѓачот и поставија висока цена од 100 милиони евра.

До пред неколку месеци, оваа сума веројатно немаше да претставува проблем, но ситуацијата сега е многу поразлична. Поради пандемијата на коронавирус, клубовите останаа покуси за неколку десетици милиони покуси.

Исто така се поставува и прашањето, како клубовите да се расфрлаат со огромни трансфер суми кога бараа од своите фудбалери да се откажат од платите. Ветеранот во таборот на Баерн Минхен, Томас Милер реши јавно да проговори за оваа морална дилема.

„Кога бев дел од репрезентацијата на Германија, во неколку наврати имав прилика од прва рака да се запознаат со талентот ите на Каи Хаверц. Нема сомнеж дека се работи за навистина добар фудбалер, можеби и најдобар во својата генерација. Има неверојатни вештини, па секако дека сакам најдобрите играчи да бидат дел од Баенр Минхен“ – вели Томас Милер.

„Но за жал не сум запознаен со финансиската ситуација на Баерн, ниту пак знак колкав ќе биде буџетот за засилувања. Сепак, можам да кажам дека малку е парадоксално кога се зборува за високи трансфер суми а во исто време им се крати платата на фудбалерите“.