24фудбал

Навивач на Маинц ја врати членската карта: Како да гледам тим од Африка а не од Бундеслига

Навивач на Маинц реши да се откаже од членската карта бидејќи во тимот имало премногу црномурести играчи, од клубот му порачаа дека не сакаат фанови како него со расистички погледи.

Германија

Маинц реши да сподели коресподенција со свој сега веќе поранешен член. Навивачот решил да се откаже од членската карта, а како една од причините напоменува тоа што неодамна имало дури девет црномурести играчи во стартниот состав.

„Веќе со месеци не можам да се поистоветам со клубот! Имам импресија како да гледам тим од Африканскиот куп на нации а не од германската Бундеслига. Знам што ќе речете, но јас не сум расист. Го презирам расизмот, но што е многу, многу е... Во последно време гледам како во старниот состав има дури девет (!!!) црномурести играчи а германските таленти добиваат се помалку и помалку шанса, ова повеќе не е клубот кој ми беше драг и при срце... Новески, Бунгерт, Росе, Бабац, Вајланд, Бел и многу други беа пример за вредности и менталитет. Ова беа играчи кои гинеа на терен, оставаа крв, пот и солзи...“ – се вели во дел од писмото на навивачот.

Од таборот на Маинц велат дека им е важен секој член, не сакаат никој да се откаже од членската карта, но за конкретниов пример нема да жалат.

„Обично жалиме кога ќе слушнеме дека некој сака да ја откаже членската карта и стравствено се бориме за секој наш член, но не и во овој случај. Расизмот се раѓа кога се шират расистички погледи, а не само кога некој ќе признае дека е расист, што во пракса ретко се случува. И да во право си, не можеш да се поистоветиш со нашиот клуб. За нас, бојата на кожата или некои други карактеристики не играат никаква улога“ – се вели во дел од одговорот.

Исто така, Маинц го потенцира параграфот 4 од статутот на клубот, во кој се вели: „Клубот ги промовира функциите на спортот како елемент за спојување на националностите, културите, религиите и социјалните класи. Нуди спортски дом за деца, млади, возраснист и луѓе со инвалидитет, без разлика на нивниот пол, боја на кожа, потекло, религија, социјална класа или сексуална определба. Маинц е космополитски клуб, неутрални сме кога е во прашање парија, политиката и вероисповед“.