24фудбал

Милан подготвил трансфер буџет од 100 милиони за Рангник, прва желба е Лука Јовиќ

Според пишувањата на Спортмедиасет, раководството на Милан му ветило 100 милиони евра за засилувања на Ралф Рангник, прва желба ќе биде Лука Јовиќ од Реал Мадрид.

Италија

Милан ги финализира преговорите со Ралф Рангник, Германецот на Сан Сиро ќе добие двојна улога, ќе биде тренер и спортски директор.

Според пишувањата на Спортмедиасет, стратегот го чека трансфер буџет од 100 милиони евра за кроење на тим по негова мерка.

Прва желба е Лука Јовиќ од Реал Мадрид. Напаѓачот се покажа како промашување по трансферот од 60 милиони евра на Сантијаго Бернабеу, но Ралф Рангник верува дека Србинот е перфектен голгетер за неговата формација и дал наредба да се пронајде договор со „кралевите“.