24фудбал

Лидс и Алиоски продолжуваат со натпревари на 20. јуни?

Програмската шема за која клубовите дале зелено светло гласи пет кола во саботите, односно четири во средина на седмиците, со тоа ќе се остави и повеќе од доволен период за да се комплетираат и возбудувањата во плејоф рундата.

Англија

Клубовите од Чемпионшип дивизијата на Англија го поставиле датумот 20. јуни како цел кога би требало да продолжат со натпреварите, преостануваат уште девет кола за да се комплетира актуелната сезона во оваа дивизија.

„Дејли Експрес“ пишува дека клубовите наводно постигнале согласност околу програмската шема за продолжението од сезоната, со тоа што целта е да се заврши сезоната на 31. јули, бидејќи ќе постојат низа случаи каде одредени фудбалери се пред истек со своите договори.

Постои една доста неизвесна ситуација за самите клубови, од причина што дури 40% од договорите на фудбалерите е им бидат истечени по 31. јули, па од таа причина го поставија тој датум како краен рок.

Првично, регуларниот дел од сезоната би требало да биде завршен до 18. јули, за да се комплетираат сите 46 кола, а потоа би се оставило и повеќе од доволен период за да се комплетира плејоф рундата.

Во моментов, Лидс на нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски е на првото место на табелата со 71 бод, еден повеќе во однос на ВБА, тоа се двете позиции кои водат директно во Премиерлигата, понатаму водечката петорка ја комплетираат Фулам (64), Брентфорд (60) и Нотингем Форест (60).