24фудбал

Капело: Роналдо беше многу дебел и не сакаше да ослабне, на хартија со РВН беа страшно дуо, на терен беа катастрофа

Фабио Капело одново говореше за соработката со Роналдо во Рреал Мадрид, вели дека квалитетите на Бразилецот биле импресивни, но напаѓачот бил многу дебел и не сакал да ослабне.

Шпанија

Италијанецот пред два дена откри дека најголемиот талент кој некогаш го тренирал е Роналдо, но во исто време се пожали дека Бразилецот му создавал и најмногу проблеми, односно обожавал да организира забави.

Фабио Капело исто така раскажа како дури и Руд ван Нистелрој му се пожалил дека во соблекувалната мириса на алкохол, изјава која предизвика реакција од Холанѓанецот, кој се огласи на социјалните мрежи за да испрати демант.

Искусниот стратег сепак не ја менува приказната, и во емисијата „Ел Ларгеро“ рече: „Ван Нистелрој ми кажа дека мириса на алкохол во соблекувалната. Не лажам, и нема да измислувам работи за некого кого го обожавам и како играч и како личност“.

„Роналдо имаше импресивни квалитети, кога го ставив да игра заедно со Ван Нистелрој, очекував дека ќе постигнат многу погодоци, но ние загубивме шест меча. Вистина е дека беше многу дебел, не сакаше да ја контролира тежината и да ослабне“.

„На хартија, Роналдо и Ван Нистелрој беа страшно доу, на терен беа катастрофа. Резултатите не беа доволно добри“.