24фудбал

Кјелини го одбра наследникот на Роналдо и Меси: Кога го видов момчето си реков, не е од оваа планета!

Капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини го одбра наследникот на Кристијано Роналдо и Лео Меси, смета дека Килијан Мбапе е фудбалерот кој во иднина ќе доминира на фудбалските терени.

Италија

Кристијано Роналдо и Лео Меси повеќе од една деценија владеат во фудбалот, се чини дека двајцата немаат намера да сопрат во блиска иднина, но времето не е на нивна страна.

Неколку играчи имаат потенцијал да ги заменат, а Џорџо Кјелини смета дека Килијан Мбапе ќе биде тој кој ќе доминира.

„На кого му е судено да ги наследи Кристијано Роналдо и Лео Меси? Килијан Мбапе, навистина уникатен фудбалер. Прв пат го видов на ТВ во сезоната 2015/16, играше против Манчестер Сити во Лигата на шампиони. Бев импресиониран“ – пишува во својата книга капитенот на Јувентус.

„На крајот од првото полувреме му пишав на Фабио Паратичи (спортскиот директор на Јувентус), „Кое е момчево? Од која планета е?“ Фабио ми одговори, „Знам. Подолго време го следиме...“. Незапирлив напаѓач, имаше само 18 години“.

„Таа иста сезона игравме против него во Европа, во полуфинале. Сега има 21 година, веќе е светски шампион. Има брзина, техника, чувство за гол... не му фали ништо“.

„Се работи за играч кој остава импресија, бесценето ремек-дело. Мислам дека Мбапе е подобар од Нејмар, многу поконзистентен. Иднината е само негова“.