24фудбал

Роналдо го напушта Јувентус?! ЦР7 има опција да игра покрај Мбапе во ПСЖ и враќање од соништата во Манчестер јунајтед

Кристијано Роналдо ќе стави крај на авантурата во Јувентус по само две години, ова го тврди Диариогол, ЦР7 има опција да игра покрај Килијан Мбапе во ПСЖ и одново да го облече дресот на славниот Манчестер јунајтед.

Англија

Португалецот има одлична сезона во Серија А со 21 погодок на 22 натпревари, покажува дека годините за него се само бројка, па Јувентус му нуди нов четиригодишен договор.

Според пишувањата на Диариогол, Кристијано Роналдо побарал време за да размисли, наводно не бил задоволен од она што се случувало во Торино и не му се допаднале многу работи кои ги видел.

Наводно тој е на два ума, бидејќи има два атрактивни предлози. Првиот е да се пресели во Париз и да игра покрај Килијан Мбапе. „Светците“ веројатно ќе останат без Нејмар кој одновно се поврзува со трансфер во Барселона, па ЦР7 ќе треба да го замени Бразилецот на Паркот на Принцовите.

Вториот предлог е особено примамлив, односно одново да го облече дресот на Манчестер јунајтед. Кристијано Роналдо бил привлечен од идејата да се врати на местото каде се стекна со светска слава и да помогне да ги врати „ѓаволите“ на шампионски патеки. Сепак, за реализација на трансфер има еден услов, односно клубот од Олд Трафорд да обезбеди пласман во Лигата на шампиони.

Дали ова е само уште една бомбастична вест на Диариогол или пак има некаква вистина, останува да видиме. Во моментов фудбалот е суспендиран поради епедемијата на коронавирус и никој не знае кога и дали сезоната ќе заврши, а камо ли што ќе се случи во летниот преоден рок.