24фудбал

Првиот човек на ФФИ објасни како би изгледал плеј-офот за Скудетото

Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина ги појасни плановите за плеј-оф, Јувентус, Лацио, Интер и Аталанта би разигрувале за Скудетото.

Интервју

ФФИ попладнево достави конкретни предлози за тоа што ќе се случи доколку сезоната од Серија А не може да се комплетира поради коронавирусот. Една опција е Скудетото да му се додели на Јувентус, втората опција е да се игра плеј-оф за титулата, а третата опција е да нема шампион оваа сезона.

Првиот човек на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина сега ги појасни плановите за плеј-оф, вели дека првите четири клубови ќе разигруваат за титулата, а во моментов тоа се Јувентус, Лацио, Интер и Аталанта.

„Се надеваме дека сезоната ќе може да биде комплетирана, доколку фудбалот продолжи на 3. април, ќе најдеме термини за надополнување на одложените натпревари и сите кола ќе се одиграат“ – вели претседателот на ФФИ.

„Но мораме да ја разгледаме и другатга страна на приказната, односно да се соочиме со нови проблеми при ре-стартот на првенството. Затоа на маса беа ставени неколку предлози, односно да не се додели титулата, или пак да се земе во предвид табелата во моментот кога е прекинато првенството, и Скудетото да му се додели на тој што е прв. За да се зачуваат вредностите на спортското натпреварување, предложив и трета опција, односно да има плеј-оф. Првите четири екипата на табелата ќе разигруваат за титулата. Истото би важело и за испаѓање во ранг подолу, последните четири екипата на табелата преку разигрување да одлучат кој ќе остане а кој ќе се пресели во Серија Б“.