24фудбал

Се појавија гласини дека Адем Љајиќ има коронавирус, Бешикташ демантира

Бешикташ ги негираше шпекулациите кои велеа дека нивниот фудбалер Адем Љајиќ има коронавирус.

Останато

Адем Љајиќ поради болест е надвор од фудбалските терени, па на социјалните мрежи се појавија информации дека тој има коронавирус.

Бешикташ ги негираа таквите гласини и ја посочија дијагнозата на нивниот фудбалер. Љајиќ е подобар и почнал со индивидуални тренинзи.

„Нашиот фудбалер Адем Љајиќ има воспаление на крајниците и висока температура, тоа беше утврдено на испитувањата во болницата. Имаше третман кој заврши. Ситуацијата на Љајиќ сега е стабилна и тој веќе почна со индивидуални тренинзи. Ве замолуваме да не ширите информации на социјалните медиуми дека Адеми Љајиќ има коронавирус“, стои во соопштението на турскиот клуб.