24фудбал

Прашање на време е кога Реал Мадрид ќе тргне по потписот на Вернер, известува „Скај“

Се верува дека во Реал Мадрид веќе го загубиле трпението со Јовиќ и Диаз, па така идејата сега е ангажман на напаѓачот на Лајпциг, кој се поврзува и со Баерн Минхен, а има достапна откупна клаузула за гигантите кои се заинтересирани за неговиот потпис.

Германија

Голгетерот на Лајпциг, Тимо Вернер го привлекол интересот од Реал Мадрид до таа мера што шпанскиот гигант посакува да го ангажира во летниот преоден рок, извести „Скај“.

Германскиот медиум објави дека прашање на време е кога Реал Мадрид ќе покаже конкретен интерес за 23 годишниот напаѓач и ќе испрати официјална понуда до Лајпциг.

Познато е дека во Реал Мадрид подолг период се во потрага по наследник на Карим Бензема во составот на таа екипа, а на големо се шпекулира дека „Кралевите“ го загубиле трпението со Лука Јовиќ и Мариано Диаз, кои не ги остварија големите очекувања од нив на „Сантијаго Бернабеу“.

Според известувањата, 23 годишниот Вернер би бил достапен за Реал Мадрид на лето благодарение на неговата откупна клаузула во договорот со Лајпциг која изнесува 60 милиони евра.

Вернер, кој го продолжи договорот со Лајпциг до 2023. година, се поврзува и со Баерн Минхен, како и можна преселба во Премиерлигата.

Германецот сезонава игра во одлична форма, а истата ја потврди со 23 погодоци на 25 настапи за Бундеслигашот, на кои реализираше и 10 асистенции.