Оле Гунар Солшер им соопштил на своите фудбалери дека ако ги загубат наредните два натпревари ќе добие отказ.
Категорија: Видео 03.12.2019 12:17
Солшер е под голем притисок поради лошите резултати а пред него се две големи дерби пресметки, прво на Олд Трафорд против Тотнем, а потоа на гостински терен кај градскиот ривал Манчестер Сити.
„Оле беше малку емоционален и им кажа на фудбалерите доколку не извадат резултати од наредните два меча би можел да добие отказ. Ова е најлошо време за да играте со Тотнем кој ја врати формата со Мурињо“, изјави извор од Манчестер јунајтед за весникот „Сан“.
Солшер исто така ги предупредил фудбалерите дека Мурињо очајно ќе посакува да победи на Олд Трафорд откако доби отказ од Манчестер јунајтед минатата година.
Како наследник на Солшер во моментов најсилно се споменува името на Покетино.