24фудбал

Вардар со убедлив триумф над Академија Пандев ја завери есенската круна

Вардар со убедливи 3-0 ја победи Академија Пандев во Струмица и ја зголеми предноста на врвот, Шкендија го искористи поразот на Струмичани го победи Шкупи со 4-0 и се искачи на второто место на табелата.

Македонија

На едно коло пред крајот Вардар ја завери есенската шампионска титула откако убедливо со 3-0 победи на гостувањето кај Академија Пандев.

Мечот беше отворен уште во 11. минута кога Аврамовски погоди со глава за водство на Вардар од 1-0.

Во 69. минута повторно Аврамовски е стрелец на Вардар, го зголеми водството на 2-0. На три минути пред крајот тој асистираше до Брдаровски кој ги постави конечните 3-0.

Шкендија се искачи на второто место откако со 4-0 го победи Шкупи. Бесарт Ибраими и Жуниор постигнаа по два гола.

Работнички не успеа да го победи Силекс на домашен терен Марковиќ донесе водство во првиот дел, но Ѓуриќ во второто полувреме погоди за бод за Кратовчани.

Борец со голот на Прелчец ја победи Ренова со 1-0.

Вчера Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим Лум одиграа 1-1.


Табела

1. Вардар 35

2. Шкендија 27

3. Академија Пандев 27

4. Силекс 24

5. Македонија ЃП 23

6. Струга ТЛ 23

7. Шкупи 22

8. Борец 19

9. Ренова 16

10. Работнички 15


Фото: ФК Вардар