24фудбал

Зошто секогаш јас? Гросо го избркал Балотели од тренингот на Бреша

Тензија на тренингот на Бреша, новиот кормирал Фабио Гросо предвреме го испрател Марио Балотели во соблекувалната, низ медиумите кружат неколку различни стории за причината.

Италија

Фабио Гросо неодамна седна на тренерското столче на Бреша и не му требаше многу време за да влезе во конфликт со Марио Балотели. Медиумите од Италија пишуваат за тензија на денешниот тренинг, стратегот предвреме го пратил напаѓачот во соблекувална, кој откако удрил туш, влегол во својот автомобил и си заминал дома додека другите се уште ги одработувале предвидените задачи.

Кружат различни стории за причините. Едни приказни велат дека Марио Балотели бил нервозен откако се спречкал со еден соиграч, а други велат дека Фабио Гросо не бил задоволен од залагањето на фудбалерот.

Тој сметал дека Марио Балотели делувал мрзливо на тренинг мечот, немало интензитет во неговите движења па затоа му порачал дека најдобро е да си оди. Портапролот на Бреша се обиде даја смири ситуацијата и истакна, „Балотели беше заменет од Гросо за време на тренинг мечот и предвреме се пресели во соблекувалната“.