24фудбал

20 репрезентации обезбедија пласман на ЕП, остануваат уште четири места преку Лигата на нации

Синоќа завршија квалификациите за Европското првенство по што се познати 20 учесници на континенталниот собир, остануваат уште четири места кои ќе бидат пополнети преку Лигата на нации.

ЕВРО 2020

Завршија квалификациите за ЕП 2020, познати се најголемиот дел од репрезентации кои ќе учествуваат на големата фудбалска смотра.

Пласман преку квалификациите обезбедија: Англија, Чешка, Украина, Португалија, Германија, Холандија, Швајцарија, Данска, Хрватска, Велс, Шпанија, Шведска, Полска, Австрија, Франција, Турција, Белгија, Русија, Италија и Финска.

Остануваат уште четири места кои ќе бидат пополнети преку Лигата на нации, завршницата на ова натпреварување е на пролет.

Едно од тие четири места може да биде и за нашата репрезентација. Ние во март играме полуфинале против Косово, а доколку го поминеме ќе ни остане уште една селекција од Грузија или Белорусија, тоа ќе ни биде последната пречка до историски успех.

Европското првенство во 2020 година ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули во 12 градови низ Европа.