24фудбал

Николов: Сонувам да играме на Европско првенство

Херојот на Македонија на мечот со Израел, Бобан Николов вели дека со нетрпение го чека март кога ќе дојдат завршните дуели од Лигата на нации преку која нашата репрезентација може да се пласира на Европското првенство.

Македонија

Со гол на Бобан Николов, Македонија го победи Израел со 1-0 и квалификациите ги заврши на третото место, најдобро досега во историјата на нашата земја. 

Но целта на оваа генерација е повисока, Македонија сака да одигра на Европско првенство и тоа може да го направи преку Лигата на нации.

„Третото место е успех, но мислам дека ние заслужуваме да бидеме и втори и директно да одиме на Европското, но тоа е што е. Оваа победа ни дава крилја и самодоверба за мечевите во март. Има време, но едвај чекам да дојдат баражите, живеам за тој ден, сонувам да играме на Европско првенство. Само да сме сите здрави и живи, да немаме проблеми со повреди, секој фудбалер е важен за овој тим“, вели Николов по натпреварот.