24фудбал

Пандев: Оваа генерација заслужува да оди на ЕП, се надевам дека тоа ќе се случи во март преку Лигата на нации

Горан Пандев е задоволен од квалификацискиот циклус во кој завршивме на историското трето место, но смета дека оваа селекција заслужува да игра и на Европско првенство.

ЕВРО 2020

Македонија со победа над Израел го заврши квалификацискиот циклус за Европското првенство, се пласиравме на највисокото досега за нас трето место.

„Одигравме еден одличен квалификациски циклус. Да ни кажеа од почеток дека ќе бидеме трети, ќе прифатевме, за да се пласирате на едно Европско првенство треба да ги победите и фаворитите. Во нашата група тие беа Полска и Австрија и токму од нив два пати загубивме“, изјави капитенот Пандев.

Македонија уште има шанси за пласман на Европското првенство, во март играме полуфинале од плејофот во Лигата на нации против Косово.

„Се надевам дека преку Лигата на нации ќе ја израдуваме македонската јавност и ќе се пласираме на Европското првенство. Оваа генерција заслужува да игра на едно големо натпреварување. Има време до март само да бидеме здрави и комплетни за мечевите со Косово“.