24фудбал

Данило тврди дека Гвардиола и Сари се слични во начинот на кој работат

Бразилецот веќе запиша пет настапи за „Старата дама“, а постигна и еден гол под кормилото на Маурицио Сари, кого го спореди со неговиот поранешен тренер Пеп Гвардиола, а тврди дека се многу слични во начинот на работа.

Италија

Данило направи трансфер од редовите на Манчестер Сити во тимот на Јувентус изминатиот летен преоден рок, а Бразилецот тврди дека неговиот сегашен тренер Маурицио Сари е идентичен со Пеп Гвардиола.

Бразилецот околу споредбата тврди дека обајцата се слични во начинот на работа како и во тоа што на своите фудбалери им даваат голема слобода во индивидуалните способности.

Торино е различен во однос на Манчестер, навивачите се многу понавлечени, ќе ве сопрат на улица постојано, ми се допаѓа сето тоа, тие доаѓаат од сите краеви, премногу се приврзани кон клубот и максимално мотивирани“ вели Данило за „Глобо Еспорте“.

Веќе го запознавам добро градот и се чувствувам одлично засега, веќе се уверив во спектакуларната кујна, во Манчестер имав само минимални опции по тоа прашање, во Италија, тука е обемно...“ додава 28 годишниот бек, потоа осврнувајќи се на разликите помеѓу Пеп и Сари.

Во Премиерлигата натпреварите имаат голем интензитет, нема споредби, во Италија пак, повеќе се работи на тактиката и позиционирањето, ве тера да размислувате повеќе на теренот“ вели тој.

Сари има модерни идеи, сака да има посед на топката на високо ниво во дефанзивната линија, сака посед да имаме постојано, а во однос на сево ова, нема голема разлика за мене, Сари и Гвардиола се многу слични во повеќе аспекти, посебно во нивниот приод кога се работи за тактиката и движењето на теренот“ тврди Данило.

Тие обајцата доста посветено ги проучуваат противниците и нивните движења, за сето тоа да се направи целосна анализа потребно е да се анализира секоја ситуација, тоа беше екстремно анализирано во Сити, се работеше на секое поле, од друга страна пак, Сари е повеќе еластичен, ви дава повеќе слобода во однос на индивидуалните иницијативи“ заклучи Бразилецот.