24фудбал

Драма на Молињу, наместо атрактивен гол со ножички го „патосираше“ противникот и го прати во болница (ВИДЕО)

Немили сцени на мечот помеѓу Вулверхемптон и Слован Братислава во Лига Европа, ѕвездата на домаќините, Раул Хименез се обиде да постигне атрактивен гол со ножички но успеа само да го „патосира“ дефанзивецот Кенан Бајриќ и го прати во болница.

Лига Европа

На „островото“ минатата недела се случи хорор повреда на Андре Гомеш, а синоќа љубителите на фудбалот беа сведоци на нови немили сцени. На натпреварот помеѓу Вулверхемптон и Слован Братислава, Раул Хименез го „патосираше“ Кенан Бајриќ и го испрати во болница.

Ѕвездата на домаќините се обиде атрактивно да стрела со ножички, но наместо да ја шутне топката, го погоди гостинскиот дефанзивец во глава, кој веднаш се струполи на тревата. За среќа голманот на Слован реагираше присебно, веднаш притрча и не дозволи Кенен Бајриќ да си го проголта јазикот.

Потоа лекарскиот тим му укажуваше помош десетина минути, го изнесоа на носилка и го однесоа право во болница. И додека останатиот дел од тимот се врати дома, Кенан Бајриќ мораше вечерта да ја помине во болница на опсервација бидејќи имал сериозен потрес на мозокот.

„Тој е свесен, но имаше потрес на мозокот“ – брифираше тренерот на Слован, Јан Козак. „Повредата не е наивна, туку голема, прилично сериозна. Доби удар во глава. Вечерва нема да си оди дома со нас. Ќе остане во болница на опсервација“