24фудбал

Маскирани хулигани со палки влегоа на мечот меѓу јуниорите на Олимпијакос и Баерн, играчите бегаа по теренот (ВИДЕО)

Мечот меѓу Олимпијакос и Баерн Минхен во јуниорската Лига на шампионите во еден момент беше прекинат откако на теренот влегоа маскирани хулигани.

Лига на Шампиони

Голем пропуст во организацијата на мечот меѓу младите екипи на Олимпијакос и Баерн Минхен, маскирани хулигани влегоа на теренот и ги исплашија фудбалерите кои почнаа да бегаат.

Мечот извесно време беше прекинат, но потоа продолжи, Баерн Минхен славеше со 4-0. Се уште не е познат мотивот на фановите на Олимпијакос кој влегоа на теренот.