24фудбал

Борисов побара оставка, Михајлов се повлече, а Стерлинг со пофалби до премиерот на Бугарија (ФОТО)

„Гордиот албион“ славеше со убедливи 0-6 на гостувањето во Софија, но резултатот остана во втор план по немилите сцени кои се случија за време на пресметката која беше прекинувана два пати поради инцидентните појави на трибините.

Останато

Довчерашниот прв човек на бугарскиот фудбал, Борислав Михајлов се повлече од функцијата претседател на Фудбалската федерација на Бугарија, а таа негова оставка доаѓа по големиот скандал кој се случи на дуелот со Англија на домашен терен во рамките на квалификациите за ЕП2020.

Мајмунски извици и фашистички гестикулации од гледалиштето можеше да се забележат на дуелот во Софија, тоа секако беше проследено низ светските медиуми, а мечот во бугарската престолнина на два пати беше прекинуван.


Најпрво премиерот на Бугарија, Бојко Борисов го повика Михајлов да се повлече, а тоа дојде по соопштението кое осамна од страна на куќата на фудбалот кај нашиот сосед, во кое се наведоа тензии на трибините помеѓу обете навивачки групи, меѓутоа во истото не беше споменет расизам, се наведе дека тензиите довеле до појава која му штети на бугарскиот фудбал, а меѓу другото се говореше и за посветеноста на Михајлов за развивањето на бугарскиот фудбал на секој можен начин.

По тоа соопштение, Борисов силно го осуди однесувањето на бугарските навивачи, а воедно повика на оставка од страна на Михајлов, и тоа веднаш.

По вчерашниот срамен пораз на бугарскиот национален тим, а со оглед и на лошите резултати на нашиот фудбал, јас наредив да се стопираат сите односи и релации со Бугарската фудбалска федерација, вклучувајќи од финансиски план, седо неговото повлекување“ рече Борисов во своето обраќање вчера.

Михајлов, кој инаку е поранешен голман, а има 102 натпревари во селекцијата на Бугарија во неговата кариера, играше на три светски првенства за Бугарија, а воедно е член на извршниот комитет на УЕФА од 2011. година.

Со реакција на социјалните мрежи по потегот на Борисов се јави и првата ѕвезда на „Гордиот албион“, фудбалерот на Манчестер Сити, Рахем Стерлинг, кој упати пофалби до бугарскиот премиер за неговата реакција.