Категорија: Лига на Шампиони 19.09.2019 17:30
Не е така далечен реванш мечот во осминафиналето од ланската сезона во Лигата на шампионите, помеѓу Јувентус и Атлетико Мадрид, иако „Јорганџиите“ дома славеа со 2-0 и беа со една нога во четвртфиналето, Кристијано Роналдо со хет-трик речиси сам ги елиминираше.
Како поранешен член на Реал Мадрид, Роналдо сигурно има посебна мотивација во пресметките против тимот на Диего Симеоне, а тој иако ги одигра сите 90 минути од синоќешната пресметка која заврши со реми од резултат 2-2, не успеа да ја затресе мрежата на шпанскиот прволига.
За време на мечот во Мадрид, кратко откако промаши добра шанса за „Старата дама“, Роналдо имаше гест кон навивачите на Атлетико Мадрид, кои постојано упатуваа свирежи кон него, а гестот имал значење со следните зборови: „Учете, вие треба да учите...“, за што потврди и самиот Португалец по мечот.