24фудбал

Зошто Сенси заврши во Интер, а не во Милан

Стефано Сенси блеска во дресот на Интер во првите кола од Серија А, синоќа им донесе три бода на нероазурите против Удинезе, па италијанските медиуми пишуваат како Милан пропушти да го ангажира.

Италија

24-годишниот италијански фудбалер игра во животна форма, во првите три кола од Серија А постигна два гола, има и две асистенции.

Интер го донесе на позајмица од Сасуоло за 5 милиони евра, со опција да го откупи целосно за уште 20 милиони евра.

Но, пред да се случи трансферот во Интер, Сенси можеше да заврши во нивниот голем градски ривал, Милан.

Спред „Калчомеркато“, преговорите меѓу Милан и Сасуоло завршиле неуспешно. Росонерите биле подготвени да го земат Сенси само на двегодишна позајмица без гаранции дека целосно ќе го откупат. Понудата била одбиена.

Тогаш во игра влегол Интер и успеал да добие и попуст, оригиналната сума која ја барале Сасуоло била 35 милиони евра, но клубот од Милано за Сенси ќе плати само 25 милиони евра. За да го добие попустот од 10 милиони евра, Интер во Сасуло прати и неколку млади играчи.

Гледајќи ги игрите на Сенси на почетокот од сезоната, Милан можеби жали што не беше поконкретен во преговорите со Сасуоло.