24фудбал

Недоразбирањата се минато, Хамес очекува ова да биде ‘негова сезона во Реал Мадрид’

Колумбискиот фудбалер од средниот ред на „Кралевите“ е близу да биде целосно подготвен и да му се стави на располагање на Зинедин Зидан за саботната пресметка на домашен терен против Леванте на нашиот Енис Барди.

Шпанија

Се чини дека недоразбирањата на релација Хамес Родригез – Реал Мадрид се веќе минатио, извесно е дека Зинедин Зидан веќе се помири со фактот што Колумбиецот ќе му биде потребен за актуелната сезона, а самиот изрази надеж дека ова би можело да биде негова сезона во дресот на „Кралевите“.

Колумбиецот отворено говореше во изјавата за шпанската телевизиска програма „Ел Чирингито“ на тренинг центарот на Реал Мадрид во Валдебебас, каде се произнесе околу личните амбиции оваа сезона.

Навистина се надевам дека ова може да биде моја сезона со Реал Мадрид“ посочи Колумбиецот во пресрет на четвртото коло во Примера, односно дуелот со Леванте на домашен терен.

Хамес е речиси целосно подготвен откако се врати од повредата поради која за момент отсуствуваше во воведниот дел од новата сезона, тој воедно не беше дел од својата селекција за пријателскиот меч со Бразил кој заврши со реми од резултат 2-2.