24фудбал

Јувентус го чека агентот на Роналдо во Торино, Жорж Мендеш треба да донесе абер за Феликс и Диас

Според пишувањата на „Тутоспорт“, спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи во следните 24 часа ќе има средба со Жорж Мендеш на која ќе се разговара за двата бисера од Бенфика, Жоао Феликс и Рубен Диас.

Италија

„Старата дама“ утре го пречекува Ајакс во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, па многу фудбалски работници ќе пристигнат во Торино. За очекување е во свечената ложа да биде и агентот на Кристијано Роаналдо, Жорж Мендеш.

Како што пренесува „Тутоспорт“, агентот пред или по натпреварот ќе има средба со спортскиот директор Фабио Паратичи и ќе му ги пренесе новите информации за трансферите на Жоао Феликс и Рубен Диас.

Жорж Мендеш е посредник помеѓу Јувентус и Бенфика во преговорите за двајцата талентирани Португалци, кои со одличните игри оваа сезона го привлекоа вниманието на голем број клубови.

Се говори дека „Старата дама“ е прв фаворит за Жоао Феликс бидејќи фудбалерот сака да игра покрај својот сонародник Кристијано Роналдо, но Бенфика не се предава лесно и веќе ја одби понудата на Јувентус вредна 75 милиони евра.

Клубот од „Луж“ инсистира да биде платена откупната клаузула од 120 милиони евра. Што се однесува до Рубен Диас, дефанзивецот има откупна клаузула од 60 милиони евра и е желба на Атлетико Мадрид.

Се говори дека Јувентус би можел да го жртвува Пауло Дибала и да го продаде Аргентинецот на Баерн Минхен со цел да прибере средства за финансирање на оваа мега зделка.