24фудбал

Аврамовски потпиша за Вардар: Играв за други клубови, но од мал навивав за Вардар

23-годишниот Даниел Аврамовски треба да биде големо засилување за Вардар откако стави потпис на договор со црвено-црните до крајот на сезоната.

Македонија

Вардар го промовираше Даниел Аврамовски како ново засилување за до крајот на сезоната.

„Вардар доби ново засилување во своите редови во името на Даниел Аврамовски. 23-годишниот фудбалер од средниот ред денеска го стави потпис на договорот со нашиот тим до крајот на актуелната сезона“, стои во соопштението на клубот.

Аврамовски кој играше за Македонија Ѓорче Петров, Работнички, Црвена звезда, Олимпија Љубљана и Војводина, вели дека од мал навивал за Вардар.

„Драго ми е што потпишав за Вардар. Можам да кажам дека уште од мал навивам за Вардар, иако играв за други клубови. Сега практично ми се оствари сонот да играм за овој клуб“, рече Аврамовски за официјалниот сајт на Вардар.

„Очекувам брзо да се адаптирам затоа што со голем дел од играчите се знам. Сум играл со нив и по репрезентација и по клубовите, добро ме познаваат, добри ги познавам и јас нив. Во пролетниот дел пред се добра игра како екипа, и нормално добри резултати.  Знам дека од Вардар секогаш се бараат победи, резултати, знам како е да се носам со тој предизвик. Целта ни е секако титулата, а излезот во Европа не треба да биде доведен во прашање. Со нетрпение очекувам да се приклучам на подготовките на екипата, да се наметнам на стручниот штаб, и потоа низ пролетниот дел да бележиме добри резултати“.