24фудбал

Навивач на Ренџерс исчезна во Скопје, брат му моли за помош! (ФОТО)

Навивач на Глазгов Ренџерс кој дошол во Скопје да го бодри својот тим на натпреварот против Шкупи, не се вратил дома.

Македонија

Џејмс Меклахлан исчезнал во Скопје, тој не се качил на летот назад и се уште нема трага од него. Неговиот брат преку социјалните мрежи бара помош.

Според тоа што го пишува неговиот брат, Џејмс последен пат бил виден на плоштадот во Скопје по натпреварот меѓу Ренџерс и Шкупи и од тогаш му се губи трагот. Останатите навивачи на Ренџерс си заминале утрово но тој не се појавил на аеродромот. 

Во продолжение е постот на фејсбук од неговиот брат, доколку некој има било каква информација, може да го контактира.