24фудбал

Калиниќ конечно си оди од Милан, неговата следна дестинација е Шпанија

Никола Калиниќ стана еден од најпопуларните ликови на Светското првенство иако не одигра ниту една минута, тој ова лето ќе го промени клубот и ќе направи свеж почеток на кариерата.

СП 2018

Според „Калчомеркато“, Иван Калиниќ од следната сезона и дефнитивно ќе игра за Атлетико Мадрид.

Двата клуба постигнале договор за трансфер вреден 20 милиони евра кои Милан нема да ги добие веднаш.

Во првата година Калиниќ би играл на позајмица во Атлетико Мадрид за 2,5 милиони евра, а шпанскиот клуб следната сезона има обврска трансферот да го направи перманентен за 17,5 милиони евра.

Милан го купи Калиниќ за 25 милиони евра од Фиорентина, но во минатата сезона тој повеќе беше на клупата отколку на теренот.