24фудбал

Клоп добро го „истрола“ Манчестер јнајтед а во суштина го кажа она што секој „Ѓавол“ го мисли по ждрепката во ЛШ

Јирген Клоп ја прокоментира денешната ждрепка во Лигата на шампионите која ги спои Ливерпул и Манчестер Сити, Германецот добро го „истрола“ Манчестер јунајтед и покрај тоа што во суштина го кажа она што го мисли секој „Ѓавол“

Англија

Манчестер јунајтед оваа недела неочекувано беше елиминиран од најелитното европско натпреварување откако Севиља триумфираше на Олд Трафорд, додек пак помеѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите се најдоа нивните лути ривали Ливерпул и Манчестер Сити.

„Ѓаволите“ сигурно не сакаат да видат како Ливерпул или Манчестер Сити се радува на трофејот од ЛШ, па желбата делумно им беше исполнета денеска откако ждрепката ги спои двата клуба од Англија и еден од нив ќе се прости од ова натпреварување во четвртфиналето.

„Мислам дека ова е ждрепка од соништата... за сите фанови на Манчестер јунајтед – прокоментира денеска Клоп и добро го „истрола“ Манчестер јунајтед иако во суштина го кажа она што го мисли речиси секој навивач на гигантот од Олд Трафорд.

„Не ми пречи тоа што се паднавме со Манчестер Сити, ќе имаме доволно време да се подготвиме. Немав некоја посебна желба, не очекував ништо. Знам дека ќе ни биде тешко без разлика со кого ќе се паднеме.