Филипе Кутињо го избра тимот составен од петмина фудбалери, најдобрите со кои некогаш играл заедно во иста екипа на терените.
Категорија: Англија 28.11.2017 14:32
Бразилецот во неговиот избор не вметна ниту еден фудбалер од сегашните на Ливерпул, интересно, еден од најомилените му е Луис Суарез, кој од Ливерпул направи трансфер во Барселона.
За легендата на Ливерпул, Џерард, Кутињо го кажа следново: „Кога пристигнав овде, тоа беше исто како во соништата, да играм заедно со фудбалер кого го гледав во Бразил и со кого сум играл на ПлејСтејшн“.
Во неговиот потесен избор се најдоа голманот Жулио Цезар, дефанзивецот Лусио, играчот од средниот ред Џерард, како и напаѓачите Нејмар и Суарез.